Во попладневниот термин денеска се одиграа четири меча од 13. коло во Премиерлигата. Лидерот Арсенал не успеа да ја продолжи победничката серија и на гостувањето кај Саутемптон освои само бод играјќи 1:1. “Топчиите“ поведоа со голот на Џака во 11.минута, додека домашниот тим израмни во 65.минута со голот на Армстронг. Сепак тимот на Микел Артета и натаму е лидер и тоа со два бода предност пред Манчестер Сити.
Астон Вила го избрка Стивен Џерард и веднаш убедлива победа и тоа со 4:0 против Брентфорд.
И Лестер се разигра, “лисиците“ на гости кај Вулфси славеа со 0:4, голема победа и големи три бода за нив.
Фулам на гости го победи Лидс со 2:3, одново Митровиќ беше стрелец.