Никола Јокиќ на стартот уште од стартот на новата НБА сезона, покажува дека и во оваа планира да биде доминантен како и во претходните. Одлично го стартуваше шампионатот против Голден Стејт Вориорс, а против Оклахома Сити забележа трипл – дабл учинок во триумфот од 122:117.
Србинот застана на 19 поени, 16 скока и 13 асистенции, додека пак Шаи Гилџус Александер беше најјефикасен на дуелот со 28 поени но неговиот учинок не беше доволен за победа на Оклахома.
Од друга страна пак, Далас беше убедлив против Мемфис со конечни 137:96, а Лука Дончиќ одличен со 32 поени и десет асистенции.
Мора да се издвои и фантастичното издание на Јанис Антетокумпо кој го предводеше својот Милвоки до победа над Хјустон со 44 поени и 12 скокови. Мечот заврши 125:105
Резултати:
Филаделфија – Сан Антонио 105:114
Индијана – Детроит 124:115
Орландо – Бостон 120:126
Чикаго – Кливленд 96:128
Мајами – Торонто 112:109
Милвоки – Хјустон 125:105
Далас – Мемфис 137:96
Денвер – Оклахома 112:117
Сакраменто – ЛА Клиперс 109:111