Младите фудбалери на Барселона, Гави и Серхи Роберто предвреме го завршија мечот со Атлетик Билбао. Гави излезе од игра во 34 минута откако беше удрен во ногата од Дани Гарсија, а потоа заврши со лицето во противнички фудбалер. По укажаната лекарска помош тој го напушти теренот па Чави стави во игра нов фудбалер. Првично се работи за повреда на препоните, но медицинските тестови ќе кажат за што точно се работи.
А и Серхи Роберто излезе во финишот на мечот поради повреда на рамото. Тој беше изнесен на носилки, а во тие моменти Барса остана со 10 играчи затоа што Чави веќе ги направи сите измени.
Барселона во среда игра со Баерн Минхен во ЛШ, а потоа со Валенсија во првенството.