Алкалоид го доби дербито со Бутел Скопје (ФОТО)

117

Дербито во групата А помеѓу Алкалоид и Бутел Скопје за второто место на табелата понуди вистинска ракометна престава која заврши во корист на , славеше со (9-9).

Избраниците на Кирил Лазаров добро го отворија дуелот, поведоа со 4-1, но застанаа, влегоа во криза. На другата страна Бутел Скопје со серија од 1-6 дојде до водство од два гола 5-7, а потоа и 6-8. Алкалоид успеа да излезе од кризата и на одморот изедначи на 9-9.

По одморот, за нијанса подобри на теренот беа домашните ракометари, поведоа со 15-13, позитивата од два гола ја сочуваа до пред самиот крај, која и за првпат поведоа со три гола (20-17). Токму по овој резултат беше јасно дека Алкалоид ќе излезе како победник од оваа средба.

Мартин Серафимов со седум гола беше прв стрелец кај домаќинот, зад него беше Петковски со четири погодоци. Кај гостите, Николов имаше шест погодоци.

Со овие бодови, Алкалоид останува на второто место зад лидерот Вардар.

ПретходноШокантно: Лисица го “нападна“ тренинг – кампот на Лудогорец! (ВИДЕО)
СледноГостивар гореше, се славеше победата над Вардар! (видео)