Возачот на Дукати, Бранческо Бањаја е победник на трката за големата награда на Малезија во рамките од Мото ГП шампионатот. На трката која што се возеше во Сепанг, италијанецот беше најбрз и со тоа дојде на чекор до освојување на шампионската титула. Бањаја сега има огромни 23 бода предност пред Франциско Квартараро од Јамаха, а до крајот има да се вози само уште една трка онаа во Валенсија на 6 ноември. Токму Квартараро беше трет на оваа трка, а втор заврши Енеа Бастијанини.
Што се однесува до самата трка Бањаја ја стартуваше истата од деветтата позиција, но по фантастичниот старт експресно стигна до втората позиција зад лидерот Хорхе Мартон. Набргу Мартин излета од патеката па Бањаја го презема водството. Имаше голема битка со Бастијанини, но вториот немаше сила за конечен триумф.
#TheDecider awaits in Valencia!!! 🏁@PeccoBagnaia vs @FabioQ20 ⚔️#MalaysianGP 🇲🇾 pic.twitter.com/zEgQT19NLY
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 23, 2022