ВМФЛ: Пелистер убедлив во Велес, Тетекс доживеа катастрофа…

953

Гостивар во супер – дербито со 1:0 го совлада Вардар, со то му го нанесе првиот пораз на досегашниот лидер на табелата. Пелистер во Велес против Борец успеа да дојде до победа од 0:4, очекувано, додека Воска Спорт со 4:0 го победи Тетекс. Уште една катастрофална игра и убедлив пораз на тимот кој го предводи Љупчо Димовски.

Па така сега Воска Спорт со 23 бода е лидер, Вардар има 22 а Гостивар 21. Се разбира дека допрва ќе биде супер интересно.

Саса на свој терен го победи Арсими со 1:0. Треба да се каже дека гостите промашија пенал и имаа неколку неискористени зицери.

Караорман и Детонит одиграа 1:1, а Беласица како гостин славаеше со 1:2 кај Слога Виница.

РЕЗУЛТАТИ – 9.КОЛО

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР 0:4

КАРАОРМАН – ДЕТОНИТ 1:1

ПЕХЧЕВО – ОХРИД 0:1

САСА – АРСИМИ 1:0

БЕСА – КОЖУФ 3:0

ГОСТИВАР – ВАРДАР 1:0

ВОСКА – ТЕТЕКС 4:0

СЛОГА (В) – БЕЛАСИЦА 1:2

ПретходноГостивар го “СЕКНА“ Вардар! (ВИДЕО + ФОТО)
СледноГостиварци ќе поделат 20.000 евра премија по триумфот против Вардар! (ФОТО)