ВМФЛ: Силниот Гостивар против лидерот Вардар во супер – пресметка, меч за фудбалски гурмани

359

 

Попладнево од 14 часот се закажани сите осум натпревари од 9.коло во ВМФЛ. Секака дека најинтересно ќе биде во тетовска Речица каде Гостивар ќе го дочека Вардар. Тоа е пресметка на двата најдобри тима во лигата, тоа ќе биде супер-дерби во кое силите ќе ги одмерат силниот Гостивар и лидерот Вардар. И двата тима досега немаат пораз, разликата е 4 бода за лидерот, па така Гостивар е под мал притисок. Триумф и три бода и тоа како добро ќе му дојдат.

Ова е дерби и за фудбалски гурмани, ќе има што да се види, се знае дека и двете екипи имаат прволигашки профил на играчи.

Во сенка на ова дерби се играат останатите мечеви.

Пелистер гостува кај очајниот Борец, нема дилеми кој е фаворит. Детонит Плачковица предводена од стратегот Горан Здравков ќе бара нови бодови во Струга кај Караорман. Пехчево Скопје или Локомотива, во с. Петровец ќе го дочека составот на Охрид. Арсими со тренерот Бујар Ислами ќе и гостува на екипата на Каменица Саса, додека Беса во с.Врапчиште ќе биде домаќин на тимот на Кожуф. Беласица гостува кај Слога Виница, и Воска Спорт не би требало да има никакви проблеми со Тетекс.

 

ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

КАРАОРМАН – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА

ПЕХЧЕВО СКОПЈЕ – ОХРИД

КАМЕНИЦА САСА – АРСИМИ

БЕСА – КОЖУФ

ГОСТИВАР – ВАРДАР

ВОСКА СПОРТ – ТЕТЕКС

СЛОГА (В) – БЕЛАСИЦА

ТАБЕЛА

Вардар 22, Воска Спорт 20, Гостивар 18, Детонит Плачковица 16, Пелистер 14, Охрид 13, Беса 11, Арсими 10, Караорман 10, Кожуф 10, Беласица 9, Пехчево Скопје 7, Тетекс 7, Слога (В) 6, Каменица Саса 5, Борец 0 бодови…

ПретходноБањаја најдобар во Малезија (ВИДЕО)
СледноТен Хаг: Многу е важно да се бориме до крај