Така е тоа кога имаше раководство кое е организирано, кое знае што сака. Па така нормална е оваа победа на Гостивар против Вардар со 1:0 во супер – пресметката од 9.коло во ВМФЛ. Велиме така е зошто раководството на клубот ќе им подели 20.000 евра премија на играчите за денешниот триумф против големиот ривал за првите две места на табелата.
Сега по 9.коло Воска е прва со 23 бода, Вардар е втор со 22 а Гостивар има 21 бод.
Уф, и тоа како ќе биде жешко.
Ианаку гостиварци знаеја како да ја прослават победата заедно со своите фанови кои дојдоа да бодрат своите миленици на игралиштето во тетовска Речица.