Гостивар го “СЕКНА“ Вардар! (ВИДЕО + ФОТО)

1177

Гостивар – Вардар 1:0 е епилогот од супер – дербито на 9.коло во ВМФЛ, меч кој се играше во тетовска Речица. Каланоски во 17.минута му донесе водство на домашниот состав и тоа пенал. Прво изнуди удар од белата точка, за да потоа сам ја изведе најстрогата казна и го совлада Гачевски.

Во продолжение од средбата и двете екипи во првото полувреме имаа свои шанси, но на пауза се замина со водство на Гостивар.

Во вториот дел Вардар беше тој што притискаше, но Гостивар преку Каланоски ја имаше шансата за 2:0, сепак Гачевски одбрани. Во 69.минута гостите ја тресеа мрежата, но голот оправдано беше поништен со оглед на тоа дека имаше фаул над голманот Јашар, кој во 92.минута фантастично го одбрани својот гол по еден шут на гостите кој одеше под пречката.

Дерби како дерби, со многу нервоза, со многу прекини, голема желба за победа, многу борба од страна на двете екипи.

На крај голема победа на Гостивар, апсолутно заслужена.

 

 

 

 

No description available.

 

No description available.

 

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

ПретходноХазбула во октагонот овации во Абу Даби!
СледноВМФЛ: Пелистер убедлив во Велес, Тетекс доживеа катастрофа…