Дански тинејџер го победи Циципас за титулата во Стокхолм, италијански триумф во Неапол

105

Данскиот тенисер Холгер Руне триумфираше на АТП турнирот во Стокхолм од сериите АТП 250 со награден фонд од 648.130 евро. 19-годишниот Скандинавец во финалето го совлада Стефанос Циципас со 6:4 и 6:4 за час и половина игра. Тоа е негова втора титула во кариерата, а и втора победа над Циципас откако го елиминира и од Ролан Гарос оваа година.

Руне не застанува, од утре оди на турнир во Базел. А Циципас, кој ја освои титулата во Стокхолм во 2018 година, не успеа да стигне до десеттиот трофеј во кариерата односно трет оваа година.

А Италијанецот Лоренцо Музети ја освои титулата на АТП 250 турнирот во Неапол со награден фонд од 612.000 долари. Во финалето тој го совлада сонародникот Матео Беретини со 7:6(5) и 6:2 за два часа игра.

А на АТП турнирот во Антверпен (Белгија) победи канадскиот тенисер Ожие-Алиасаме по победата во финалето кад Себастијан Корда од САД со 6:3 и 6:4.

FOTO>twitter.com/WeAreTennis

 

ПретходноВарди шоу: „Дрмна“ Ред Бул, даде гол, ги испровоцира навивачите
СледноФантастично: Навивачите на Галатасарај по повод 100-годишнината на Република Турција (видео)