ЕХФ прашува: Дали ЕП 2022 може да стане бајка за Македонија!

229

Македонија и Скопје ситно бројат до стартот на Европското сениорско женско првенство. Добро е познато дека нашиот главен град е еден од домаќините на континенталното натпреварување, токму во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржат мечевите од групната фаза, но и од главната рунда.

Нашиот женски национален тим после долго време ќе има шанса да игра против најдобрите, за противник во својата група имаат имиња како Франција, Романија и Холандија. Предизвикот е голем, исто и мотивот, бидејќи избраничките на Љубомир Савевски играат на домашен терен.

Водени од златното правило дека на големите натпреварувања секогаш има простор за изненадување, ЕХФ во својата најава за Македонија праша дали можеби токму за „црвено-жолтите“ ова натпреварување може да биде бајка. Ние ќе речеме зошто да не, заслужуваат да направат многу повеќе.

ПретходноПолувреме: Каланоски од пенал за водство на Гостивар во супер – дербито со Вардар! (ВИДЕО)
СледноХазбула во октагонот овации во Абу Даби!