Магдебург ја совлада Барселона и го одбрани Супер Глоуб трофејот

106

Екипата на Магдебург го одбрани трофејот на неофицијалното светско ракометно клупско првенство (Супер глоуб) откако во финалето ја совлада Барселона со 41:39 по продолжението. Во регуларниот дел заврши 35:35, па мораше да се оди на дополнителни 10 минути во кои беше решен победникот.

Со тоа втора година по ред германската екипа го освојува трофејот и е четврти клуб на кого му успеало тоа после Сиудад Реал, Барселона и Фуксе Берлин.

Третото место му припадна на Келце кој со славеше над Ал Ахли од Египет со 35:26.

 

ПретходноЈугословенот Горан Драгиќ!
СледноНаполи со гол во финишот ги грабна бодовите од Рим (видео)