Полувреме: Каланоски од пенал за водство на Гостивар во супер – дербито со Вардар! (ВИДЕО)

565

Заврши првиот дел од супер – дербито во ВМФЛ, во меч од 9.коло. Гостивар со голот на Каланоски во 17.минута и тоа пенал има водство од 1:0 во пресметката со Вардар. И двата тима досега немаат забележано пораз, и двата тима се најсериозни аспиранти за пласман во елитата.

Се игра тврдо, со многу борба и жар со по неколку закани кон двата гола на теренот во тетовска Речица. Најважно е тоа, во однос на резултатот, што Гостивар има водство.

ПретходноМарко Одмерат победник на првата трка во Зелден
СледноЕХФ прашува: Дали ЕП 2022 може да стане бајка за Македонија!