Почина сопственикот и основач на Ред Бул

416

Сопственикот и осовач на гигантот Ред Бул, Дитрих Матешиц почина во својата 78. година. Тој долго време се бореше со тешка болест. Неговиот придонес во развојот на Формула 1 спортот откако влезе во тимот на Заубер како генерален спонзор е непроценлив. Ред Бул има една од клучните улоги што Формула 1 во последните две децени прерасна во еден од најгледаните спортски настани во светот, со милијарди вложени и милијарди добивка на крајот од секоја сезона.

Матешиц и Ред Бул имаа серија на одлично одработени сезони кога освоија четири титули во конкуренција на возачи (Себастијан Фетел) и конструктори. Потоа и Макс Ферстапен се радуваше на две титули и ја прекин доминацијата на Мерцедес.

ПретходноИслам Макачев е нов ММА шампион (ВИДЕО)
СледноСрамен потег на Папу Гомез, со намера да го повреди Валверде (ВИДЕО)