И тоа каква сензација во денешниот меч од 11.коло во Бундеслигата. До пред мечот “фенерџијата“ Бохум со 2:1 успеа на свој терен да го победи лидерот Унион Берлин, и да му го нанесе само вториот пораз. Сепак и покрај овој пораз тимот од Берлин е лидер на табелата, но сега само бод предност пред Баерн Минхен.
Хофман и Холтман стрелаа за победничкиот тим, додека Пантовиќ во 93 минута го ублажи поразот, интересно тој десетина минути порано не успеа да реализира пенал.