Срамен потег на Папу Гомез, со намера да го повреди Валверде (ВИДЕО)

761

Синоќа во рамките на програмата од шпанската Примера, тимот на Реал Мадрид успеа на домашен терен да слави против тимот на Севиља со 3:1. Иако без Карим Бензема во составот „Кралевите“ успеаа да слават со малку повеќе потешкотии од вообичаеното. Гостите имаа активни 1:1, а потоа во две минути Реал ги реши дилемите. Лукас и Валверде погодија во 79. односно 81. минута и го поставија конечниот резултат.

Сепак, не беа погодоците тема на разговор по завршувањето на мечот, туку одвратниот потег на Папу Гомез, Аргентинецот во редовите на Севиља. Тој во последните секунди од мечот така лошо стартуваше врз еден од најдобрите играчи во моментов во Шпанија, Федерико Валверде очигледно со намера да го повреди. Најпрво со потег врз коленото, а потоа и на зглобот. По дуелот јавноста во Шпанија беше згрозена од ова, и побара дополнителна казна, иако на самиот дуел Гомез не доби црвен картон.

ПретходноПочина сопственикот и основач на Ред Бул
СледноБањаја најдобар во Малезија (ВИДЕО)