Струмица ја доби драмата со Феникс за прва радост!

90

Уште еден драматичен натпревар се одигра во Првата лига, овој пат меѓу Струмица и Феникс, како победник од оваа средба излегоа домашните кошаркари, кои славеа со минимални 98-92 за прва радост во кам-бекот во елитното друштво.

Стартот на мечот беше најава дека ќе биде интересно до самиот крај. Феникс го доби првиот период со 20-24, на другата страна струмичани имаа одговор, вратија со 22-20, на одморот заминаа со негатива од четири коша (42-44).

Во третата четвртина која мина исто во изедначена игра, струмичани беа подобри за три коша пред стартот на последните десет минути во кои паднаа вкупно 63 поени, од кои 34 беа во корист на домаќинот.

Стаменковиќ со дабл-дабл од 36 поени и 14 скока беше прв стрелец, зад него беше Крстајиќ со 18 поени и 7 скока. Во редовите на Феникс, кој го запиша првиот пораз оваа сезона, Трајковски имаше 22 поени и 9 скока.

Колото ќе биде комплетирано со мечевите меѓу Академија ФМП и Пелистер, и дербито меѓу Работнички – МЗТ Скопје.

ПретходноЊукасл блеска, триумф на гости кај Тотенхем! (ВИДЕО)
СледноЛацио ја “реши“ Аталанта среде Бергамо! (ВИДЕО)