„Затоа го доведовме Касемиро. Знаеме за што е способен. Тој се докажа во Шпанија, во Лигата на шампионите, на највисоко ниво и сега продолжува да го прави тоа во Премиер лигата. Јасно е дека првенството овде е поинакво, и му требаше краток период на адаптација, но натпревар по натпревар можете да го видите како расте и станува важна фигура за тимот. Тој носи смиреност, организација и исто така постигнува голови. Тој е исклучително корисен за нас“, изјави Тен Хаг.
„Во оваа фаза од сезоната многу сум среќен со овој бод бидејќи до крај се боревме за него. Истото го направивме и минатата недела против Омонија за да дојдеме до победата. Денеска повторно не се предадовме иако имавме негатива. Покажавме издржливост и тоа е многу важно за секој тим. Тоа е уште еден квалитет што го донесе Касемиро во нашиот тим“, додаде Холанѓанецот.