Шокантен и несекојдневен гостин имаа играчите на Лудогорец, шампионот на Бугарија, на еден од последните тренинзи во својата база. Имено на теренот влета лисица, која успеа само да го украде ракавиците на голманот Здравко Здравков и да избега со нив.
Ова наиде на мала нелагодност кај играчите а потоа и на смеа. Сепак се се заврши добро, освен што Здравков остана без голманските ракавици.