Јокиќ со трипл – дабл против Оклахома, Дончиќ фантастичен против Мемфис (ВИДЕО)

243

Никола Јокиќ на стартот уште од стартот на новата НБА сезона, покажува дека и во оваа планира да биде доминантен како и во претходните. Одлично го стартуваше шампионатот против Голден Стејт Вориорс,  а против Оклахома Сити забележа трипл – дабл учинок во триумфот од 122:117.

Србинот застана на 19 поени, 16 скока и 13 асистенции, додека пак Шаи Гилџус Александер беше најјефикасен на дуелот со 28 поени но неговиот учинок не беше доволен за победа на Оклахома.

Од друга страна пак, Далас беше убедлив против Мемфис со конечни 137:96, а Лука Дончиќ одличен со 32 поени и десет асистенции.

Мора да се издвои и фантастичното издание на Јанис Антетокумпо кој го предводеше својот Милвоки до победа над Хјустон со 44 поени и 12 скокови. Мечот заврши 125:105

Резултати:

Филаделфија – Сан Антонио 105:114

Индијана – Детроит 124:115

Орландо – Бостон 120:126

Чикаго – Кливленд 96:128

Мајами – Торонто 112:109

Милвоки – Хјустон 125:105

Далас – Мемфис 137:96

Денвер – Оклахома 112:117

Сакраменто – ЛА Клиперс 109:111

Претходно“Кралевите“ не простуваат, падна и Севилја! (ВИДЕО)
СледноСаинц стартува прв во САД денеска