Актуелниот шампион Макс Верстапен впиша уште една победа сезонава по освојување на првото место на Гран При на Соединетите Американски Држави во Остин, Тексас. Тоа е 13-та победа на Макс сезонава со што се изедначи со Михаел Шумахер и Себастијан Фетел по најмногу победи во една сезона, но да додадеме дека останаа уште три трки до крајот па тој рекорд може да биде подобрен.
На второто место заврши Луис Хамилтон од Мерцедес кој го загуби водството на пет круга до крајот. Третото место му припадна на Шарл Леклер од Ферари кој имаше неверојатен кам-бек од 12-тото на 3-тото место.
Во топ 5 влегоа Серхио Перез од Ред Бул и Џорџ Расел од Мерцедес.
А оваа победа на Верстапен означи и триумф на Ред Бул во борбата за конструктори. Тоа е петти нивни триумф во историјата и прв по 2013 година.
RED BULL RACING
2022 CONSTRUCTORS CHAMPIONS!!!! 🏆#F1 @redbullracing pic.twitter.com/L68n1wGDNZ
— Formula 1 (@F1) October 23, 2022