Гостивар во супер – дербито со 1:0 го совлада Вардар, со то му го нанесе првиот пораз на досегашниот лидер на табелата. Пелистер во Велес против Борец успеа да дојде до победа од 0:4, очекувано, додека Воска Спорт со 4:0 го победи Тетекс. Уште една катастрофална игра и убедлив пораз на тимот кој го предводи Љупчо Димовски.
Па така сега Воска Спорт со 23 бода е лидер, Вардар има 22 а Гостивар 21. Се разбира дека допрва ќе биде супер интересно.
Саса на свој терен го победи Арсими со 1:0. Треба да се каже дека гостите промашија пенал и имаа неколку неискористени зицери.
Караорман и Детонит одиграа 1:1, а Беласица како гостин славаеше со 1:2 кај Слога Виница.
РЕЗУЛТАТИ – 9.КОЛО
БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР 0:4
КАРАОРМАН – ДЕТОНИТ 1:1
ПЕХЧЕВО – ОХРИД 0:1
САСА – АРСИМИ 1:0
БЕСА – КОЖУФ 3:0
ГОСТИВАР – ВАРДАР 1:0
ВОСКА – ТЕТЕКС 4:0
СЛОГА (В) – БЕЛАСИЦА 1:2