Наполи со гол во финишот ги грабна бодовите од Рим (видео)

157

Наполи продолжува да воодушевува и цврсто да го држи првото место на табелата во Серија А. Вечерва на жешкото гостување во Рим, тимот од Неапол славеше победа со 1:0 над Рома, па заедно со ПСЖ и Реал се единствените непоразени од Топ 5 лигите

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 57. минута на местото на Ндомбеле. Три минути подоцна имаше шанса но шутираше непрецизно. Во 81 минута на асистенција на Политано, погоди Виктор Осимен и тој гол се покажа како победнички.

Трите бода заминаа на контото на Наполи кој на чело на табелата има 29 бода, три повеќе од вториот Милан. Рома е на 5. место со 22 бода.

Наполи има скор од 9 победи и 2 нерешени по 11 кола. Другите непоразени тимови од Топ 5 европските лиги се Реал Мадрид кој има 10 победи и 1 реми и ПСЖ кој има 10 победи и 2 ремија.

Претходно и Аталанта беше непоразена во Серија А, но денеска потклекна на домашен терен од Лацио.

ПретходноМагдебург ја совлада Барселона и го одбрани Супер Глоуб трофејот
СледноВерстапен победи во Остин и на Ред Бул му ја обезбеди титулата кај конструкторите