Пиоли: Важно е да се постигнуваат многу голови

94

Тимот на Милан синоќа дојде до уште една важна и пред се сигурна победа сезонава. Против тимот на Монца на домашен терен со 4:1. Тимот од Сан Сиро повторно покажа доза на сила, квалитет и потенцијал што е многу важно со оглед на амбициите на тимот сезонава.
Тренерот Стефано Пиолио нормално задоволен од она што го виде на теренот, а во изјавата по мечот се осврна посебно на ефикасноста која во моментов е на високо ниво.

„Добро го започнавме натпреварот, не ризикувавме , но во исто време создадовме многу шанси. Сето тоа се позитивни работи. Така успеавме да го контролираме развојот на мечот. Важно е да се постигнат многу голови. Да продолжиме со нашиот концепт и нашите принципи. Сакам ротации во тимот. Моите играчи знаат дека имам многу стартери на располагање. Ако немав толку проблеми со повредите, би ротирал повеќе. Среќен сум што имам силен тим на теренот, но има и силни играчи на клупата. Ќе продолжиме со ротациите и во вторник.” изјави Пиоли.

 

ПретходноАлкалоид и Бутел Скопје во битка за второто место!
СледноМанчини по поразот од Македонија имал намера да си даде оставка!