Старт на НБА лигата и веднаш тепачка (ВИДЕО)

207

Само два дена откако стартуаше новиот НБА шампионат веќе го имаме и првиот сериозен инцидент. На дуелот Мајами – Торонто при еден дуел под кошот, Кејлеб Мартин и Кристијан Колоко се „закачија“, а расправијата не застана само на вербален момент. Обајцата влетаа во „клинч“ и завршија во првите редови со навивачи под обрачот.

Се се случуваше пред клупата на Мајами, па нормално од дуелот веднаш настана општо хаос при што само присебноста на поединци, но и на самиот Колоко кој веднаш направи гестикулација дека нема намера да се тепа ја смири ситуацијата. Нормално, и обајцата играчи добија исклучување.

ПретходноГреам Потер: Разочаран сум, но можеби ремито е фер
СледноЛисандро направи навивач на Јунајтед инстант звезда