И трета победа во четвртиот меч за Њукасл во низа со едно реми, и тоа на гости кај Тотенхем на негов терен со 1:2. Со овие три бода тимот од „Сент Џејмс Парк“ успеа да стигне до четвртата позиција на табелата во Премиерлигата.
Блеска Њукасл, а Тотенхем немоќен, Еди Хау прави чуда со својот тим, додека тимот на Антонио Конте се чини дека е во криза.
Вилсон во 31.минута стрелаше за 0:1, по киксот на голманот Лорис, веќе во 40.минута Алмирон постигна гол за 0:2, и одново по грешка на домашните.
Кејн малку ја врати надежта во 54.минута за 1:2, но тоа беше се од „спарси“.