Порше не се откажува од влез во Формула 1, ќе го купи Вилијамс

78

Порше е блиску до купување на 50 отсто од акциите на Ф1 тимот на Вилијамс. Германската компанија која се обиде да преговара со Ред Бул, но страните не се договорија за финален влез на Порше преку актуелниот шампион, сега се обидува на друга врата да влезе во најатрактивниот автомобилски шампионат.

Според колумнистот на холандски „Зиго Спорт“, Џек Плој, Порше ќе купи половина од акциите на Вилијамс и ќе стане снабдувач со мотори за тимот од 2026 година.

„Договорот е речиси готов“, коментира Плој.

Претходно, уште една компанија на концернот Фолксваген, Ауди, најави влез во Формула 1. Се претпоставува дека Ауди ќе го откупи Заубер, кој во моментов настапува како Алфа Ромео.

ПретходноМурињо во свој стил: Како се вика оној фудбалер на Наполи што постојано паѓа?
СледноИлчо VS Васоски: Дуел кој ни Брегалница ни А. Пандев не смеат да го загубат!