Познати се судиите за 12.коло од ПМФЛ, натпревари кои ќе се играат во среда, само оној во Штип меѓу Брегалница и А Пандев се игра утре.
На еден од најинтересните мечеви, оној меѓу Работнички и Силекс кој се игра на ФФМ во Скопје, правдата ќе ја дели Александар Грујоски кој по пауза од неколку кола се враќа меѓу пролигашите.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 12. КОЛО – СРЕДА (14 Ч)
Скопје – Шкендија: Игор Стојчевски (Скопје)
Работнички – Силекс: Александар Грујоски (Кичево)
Победа – Струга ТЛ: Игор Иванов (Велес)
Шкупи – Тиквеш: Стојанче Стојанов (Штип)
ВТОРНИК, 14 Ч
Брегалница – А. Пандев: Ндерим Тефику (Куманово)