Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е полн погодок за Уникс Казан оваа сезона. Тој е лидер на секој натпревар во ВТБ-лигата, во која тимот на нашиот најдобар кошаркар има пет победи во исто толку одиграни меча исто колку и ЦСКА на Емил Рајковиќ.
Статистиката по пет кола во овој шампионат вели дека Димитријевиќ е втор стрелец со 13 поени во просек и прв асистент со 7,8 асистенции по натпревар.
Нено се наоѓа на второто место на асистенти во ВТБ-лигата, пред него е Томас Хуертел од Зенит со 9,5 асистенции во просек на четири меча.
Димитијевиќ оваа сезона во Уникс Казан дојде од Валенсија на позајмица од една година, се чини не згреши, ВТБ-лигата дефинитивно одлично му „легна“.