Врие во Штип: “Фалангата“ ги прекинува тренинзите на Брегалница!

6500

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Врие во Штип во пресрет на утрешниот дуел на Брегалница против А. Пандев. Никако да се смират страстите во градот под Исарот, поточно во фудбалски Штип, во таборот на Брегалница. И како би се смириле ако на едно од челните места во клубот, како спортски директор е еден Никола Тонев. Човек кој сите ги обвинува дека не и мислат добро на Брегалница, ги нарекува одредени портали за смешни портали а не гледа во неговиот двор што му се случува.

Е, па во неговиот двор, во таборот на Брегалница денеска, а и вчера, најверните фанови на ФК Брегалница, дел од “Фалангата“ му ги прекинуваат тренинзите. Фановите денеска јавно побарале, и тоа пред сите играчи и стручниот штаб на тимот, дека тој Никола Тонев, заедно со другиот директор Емил Тодев, треба што поскоро да заминат за доброто на клубот, за доброто на ФК Брегалница.

Подоцна тренингот продолжил како што велат нашите информации.

Инаку на сите им е јасно дека тој Тонев под итно треба да си оди од Брегалница, за доброто на сите. Па каков е тој директор ако една одлука на чениците луѓе на клубот не ја спроведува, односно нема ма*иња да му каже на тренерот Илчо Ѓорѓиоски дека треба да си оди поради слабите резултати.

Да се разбереме, не е само Илчо виновен, можеби најголемата вина ја сноси самиот Тонев кој според фудбалската чаршија во Штип е најголемата пречка клубот да оди напред.

За крај, што кажува фактот дека првиот човек на клубот, Кире Гогов, веќе со недели не доаѓа во ФК Брегалница, дали и на него му „прекипело“ што се вели народски?

Ако до пред извесно време Гогов доаѓал на секој тренинг на тимот, за натпреварите да не говориме, тогаш навистина некои работи не се како што треба и истите треба да се променат.

Се шпекулира дека во ФК Брегалница, кога Гогов го нема, има неколку „струи“ и дека секој си влече на своја страна.

А спортскиот директор Тонев си седи во својата удобна фотелја и си “свирка“. Без разлика што неговата екипа веќе пет кола не знае за победа.

Дури и фановите не го сакаат…

ПретходноТабелата во Бундеслигата: Неверојатно е како бодовно се наредија екипите од првиот Унион до осмиот Лајпциг! (ФОТО)
СледноТрета победа во низа: У-17 женската репрезентација на Македонија со триумф и над Молдавија!