Гвардиола: Мојот англиски не е доволно добар за да го опишам Халанд!

141

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во изјава за ESPN не сакаше да ги коментира квалитетите на Ерлинг Халанд, но всушност во она што го кажа го изрази својот ентузијазам за она што Норвежанецот го пружа оваа сезона.

„Јас сум Каталонец, па мојот англиски не е доволно добар за да го опишам“, изјави Гвардиола.

Халанд постигна 17 гола на 11 натпревари во Премиер-лигата. Сезонава постигна 22 голови на 15 натпревари во сите натпреварувања.

Во саботата Манчестер Сити го победи Брајтон со 3:1 во 13. коло од Премиер-лигата, а норвешкиот напаѓач постигна два гола на овој натпревар.

„Веќе можам да зборувам за тоа, бидејќи беше еден од најтешките натпревари. Не сме навикнати на таква игра – речиси и да немаше простор. Многу ни е драго што ги освоивме бодовите, бидејќи играта беше многу тешка. Знам колку беше тешко, но сепак успеавме. Играта на Ерлинг ни помогна да победиме, бидејќи нивото на кое игра и неговите амбиции се неверојатно“, изјави Гвардиола.

ПретходноФИА донесе скандалозна одлука за Алонсо кој леташе со болидот!
СледноЛев поради Мундијалот ќе остане уште малку без работа!