Денот „Д“ за Роналдо во Манчестер Ј: Тен Хаг го повика Португалецот на состанок

336

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг денеска ќе разговара со Кристијано Роналдо во базата на клубот во Карингтон. Според медиумите на Островот, Холанѓанецот по средбата ќе одлучи дали ќе го врати Португалецот во првиот тим.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше исфрлен од стартната постава и казнет со двонеделна плата откако го напушти теренот непосредно пред крајот на натпреварот против Тотенхем. Во денешниот разговор, Тен Хег сака да види дека Роналдо покажува вистинско каење за да му дозволи да се врати на тимските тренинзи.

Иако менаџерот за медиумите изјави дека Роналдо ќе остане до крајот на сезоната и дека ќе продолжи да се потпира на него, Холанѓанецот веќе им најавил на клупските шефови дека е подготвен да го пушти Португалецот да си замине уште во јануари доколку има интрес за него.

ПретходноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Нови победи за фаворитите за врвот
СледноРакометарките на прва прозивка: Етикетата аутсајдер да ни помогне да се израдуваме