Лука Модриќ го најави пензионирањето од хрватската репрезентација

175

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ во разговор за ФИФА каналот го најави настапот на Хрватска на Мундијалот во Катар, но и откри информација која беше под знак прашалник долго време. Искусниот фудбалер на Реал Мадрид после СП ќе се прости од играњето за националниот тим.

Свесен сум дека крајот на мојата кариера е се поблиску и СП во Катар веројатно ќе биде моето последен настап за Хрватска. Луѓето често ме прашуваат зошто и понатаму играм за репрезентацијата место да се фокусирам на клубот. Репрезентацијата за мене е нешто посебно, нема поголема радост од тоа да играш за својата земја. Моето збогување ќе биде неверојатно тешко“, рече Модриќ кој за Хрватска игра од 2006 година и досега има 154 настапи.

ПретходноПиоли: Динамо не губи дома, ќе ни биде многу тешко
СледноБодовите за Сасуоло, Верона го запиша и шестиот пораз по ред (видео)