Поранешниот фудбалски ас на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик прв пат во кариерата ќе биде тренер на клуб. Тој ја прифати понудата да раководи со Мидлсбро кој се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.
Мајкл Карик досега работеше како помошник во Манчестер Јунатед и тоа работеше со Жозе Мурињо, па со Оле Гунар Солскјер, а кратко беше и в.д. тренер.
Мидлсбро е на 21 позиција на табелата со 17 бода во 16 одиграни кола. Има бод повеќе од Ковентри кој е во опасната зона, но овој клуб има 13 одиграни натпревари.