Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по поразот на домашен терен од Наполи (0:1) му даде комплимент на противникот, но не пропушти да каже и по некоја провокација.
„Наполи е навистина добар, но кога погледнав колку жолти картони имаме, уморни и неподготвени играчи, немањето опции на клупата, сфатив дека ќе ни биде тешко да победиме. Спинацола мораше да го заузда оној тип кој постојано паѓа и „нурка“. Како се вика тој? Па, тој што постојано лежи наоколу… Лозано! Е да, Лозано“, во свој стил коментираше Мурињо.
За судењето Мурињо додаде:
„Не сакам да зборувам за судијата Ирати. Мислам дека е добра и избалансирана личност. Не ми се допадна како судеше, но по мечот разговарав со Ирати – барем можете да разговарате со него! Тој го немаше најдобриот натпревар, но тоа се случува. Сите имаат лоши денови“, изјави Португалецот.