Екипата на Сампдорија му го предаде последното место на Кремонезе откако го совлада со 1:0 во 11.коло од Серија А. Популарните „морнари“ славеа на гостувањето кај овој противник со гол во второто полувреме кој беше доволен за три бода и прва победа оваа сезона.
Претходно, во 7. минута Кремонезе можеше да поведе меѓутоа Десерс промаши пенал. Голот за победа на Сампдорија го постигна Омар Коли во 78. минута.
Па така тимот од Кремона е единствениот без победа од стартот на сезоната и се наоѓа на последното место на табелата со само 4 бода. Сампдорија има 6.