Шпанскиот стратег Уна Емери се врати во Премиер лигата, а ќе го тренира тимот на Астон Вила. Вечерва и клубот потврди дека е постигнат договор со Емери кој претходно во Англија работеше во Арсенал. 50-годишниот тренер ќе го преземе кормилото на 1 ноември, а според специјалистот за трансфери Фабрицио Романо тој ќе добие 7 милиони евра годишна плата.
Исто така Астон Вила ќе плати отштета од 6 милиони евра на Виљареал за раскин на договорот на тренерот со шпанскиот клуб. Емери исто така работеше и во Севиља, ПСЖ, Валенсија, Спартак Москва.
Астон Вила по заминувањето на Стивен Џерард се наоѓа на 14 место во Премиер лигата со 12 поени од исто толку натпревари.
Aston Villa is delighted to announce the appointment of Unai Emery as the club’s new Head Coach. 🟣
— Aston Villa (@AVFCOfficial) October 24, 2022