Пиоли: Динамо не губи дома, ќе ни биде многу тешко

341

Во вторник во меч од 5.коло од групата Е од Лигата на шампионите Динамо Загреб ќе му биде домаќин на Милан. И двете екипи немаат право на грешка затоа што Милан има четири бода исто колку и Динамо, додека првите две места ги држат Челзи со седум и Салцбург со шест бодови.

Милан доаѓа во Загреб без првиот голман Мајк Мањан кој е повреден, па на негово место ќе игра искусниот романски голман Чиприан Татарушану. Надвор од стројот се уште Ибрахимовиќ, Калабрија, Салемакерс, а Томори е суспендиран поради црвениот картон од мечот со Челзи.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги посочи квалитетите на Динамо и исто така посака да одигра храбро и да ги освои бодовите. Влезот во осминафиналето на „Росонерите“ ќе им донесе најмалку 60 милиони евра.

Ако сакаме да пројдеме понатаму, мораме да оствариме добар резултат, а исто така тоа важи и за Динамо. Мораме да се сконцентрираме на својот квалитет, Динамо е тежок противник. Долго време немаат пораз на домашен терен,  мислам дека од декември 2021 година. Меѓутоа сигурни сме во нашата сила, имаме самодоверба…“, кажа Пиоли.

Динамо добро се затвора, имаат опасни контра напади. Имаат и многу добри двајца напаѓачи. Индивидуално се на високо ниво. Го победија Челзи, одиграа добро против Салцбург. Секој меч е посебен и тежок. Секој меч го играме како да ни е последен. Ова е важен меч, но исто така не и најбитен. Што се однесува до тактиката и психолошкиот пристап, немам потреба дополнително да ги мотивирам играчите“, заклучи тренерот на Милан.

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Емери е нов тренер на Астон Вила, ќе добива годишна плата од 7 милиони евра
СледноЛука Модриќ го најави пензионирањето од хрватската репрезентација