ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Нови победи за фаворитите за врвот

94

Екипите кои оваа сезона атакуваат за највисок пласман, ја потврдија фаворитската улога и во вториот круг од натпреварите во најквалитетната женска конкуренција.

Бранителот на трофејот, екипата на Бадел 1862 полесно од очекувањата славеше победа на гостински терен кај Крива Паланка (78:42), за втор успех во новиот шампионат.

Ист резултат има и ланскито финалист и победник на Купот, екипата на Баскет кам 2011 која без проблеми го победи Пробаскет од Кавадарци со (83:34).

А можеби најважната победа во ова коло е за екипата на Вардар која славеше кај мотивираниот состав на МЗТ Скопје Аеродром со (79:71), па овие три екипи се со максимален ефект по два одиграни натпревари.

Прва победа во новата сезона реализираа и кошаркарките на Струга 2009 против новакот во прволигашкото друштво, екипата на Гризли (71:57).

Во „Б“ сегментот, две екипи со по две победи. Шкупи, кој во ова коло ја совлада Риниа (80:43), и делчевски Патриот, кој победи на гости кај Куманово (54:28).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Крива Паланка – Бадел 1862 42:78

Баскет Кам 2011 – Пробаскет 83:34

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 71:79

Струга 2009 – Гризли 71:57

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 4, Бадел 1862 4, Вардар 4, МЗТ Скопје Аеродром 3, Струга 2009 3, Гризли 2, Крива Паланка 2, Пробаскет 2;

ИДНО КОЛО (29.10)

Вардар – Крива Паланка

Бадел 1862 – Баскет Кам 2011

Гризли – МЗТ Скопје Аеродром

Пробаскет – Струга 2009

ПретходноСудиска анализа: Пеналот за Гостивар против Вардар беше правилно досуден!
СледноДенот „Д“ за Роналдо во Манчестер Ј: Тен Хаг го повика Португалецот на состанок