Ракометарките на прва прозивка: Етикетата аутсајдер да ни помогне да се израдуваме

121

Женската ракометна репрезентација денеска ги започна подготовките за настапот на Европското првенство што ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора. Селекторот Љубомир Савевски ја имаше првата прозивка во хотелот Алекзсандар Палас на која повика 19 ракометарки.

За очекувањата од подготвителниот период и она што ја чека нашата рфепрезентација пред домашна публика на престојното ЕП, Савевски изјави:

„Гледајќи ги и ЛШ и останатите видеа што ги имаме, навистина европските тимови отидоа со голем чекор напред во последниве 7-8 години и се надевам дека ние ќе се обидеме да направиме некој приклучок. Рековме дека создаваме една репрезентација, која ќе трае сигурно 10-15 години, значи имаме 5-6 кадетки, две три јуниорки, а останатите репрезентативки кои играат во странство“, вели Савевски.

За квалитетот на групата и ривалите, нашиот селектор додаде:

„Ја нарекоа групата на смртта, има три светски репрезентации кои имаат освојувано светски, европски првенства, олимписки медали. Нема што да се жалиме ние, тоа е тоа, дури и да беше полесна групата, повторно ќе беше тешко. Европските првенства се потешки од Светските, секогаш има силни екипи. Гледаме каков приклучок фаќаат и Швајцарија, Италија, Словачка, сите репрезентации кои беа далеку зад нас, сега веќе доаѓаат. Се надевам дека етикетата аутсајдер ќе ни помогне да се израдуваме барем на еден натпревар“.

Македонија веќе има и термини за контролните дуели.

„Термините за пријателски се веќе закажани и не можеме да најдеме термин, така што ќе останеме тука девет дена, во нив базични подготовки, а потоа уште два-три дена, во кои ќе одиграме некои натпревари меѓу нас. Значи ќе имаме 12 дена подготовки до првиот натпревар. Некои од ракометарките играа вчера, се надевам дека се здрави и подготвени. Ние имаме 19 ракометарки на списокот и очекувам дека ќе имаме добри подготовки. Никогаш досега не сме имале толку време, досега беа се по еден ден-два, па натпревар, па ден одмор, па нов натпревар, не можете да имате многу тренинзи. Се надевам дека ќе сработиме нешто да покажеме едно ново лице на ова Европско првенство. Реков и претходно, нема што да се плашиме, ние знаеме која група е тука и нема што да се изгуби, може само да се добие. Без ралзика на се, целта е да покажеме карактер и да покажеме дека сме на вистински пат. Јавноста е тука да критикува, со право да критикува кога треба. Ние стоиме на располагање. Имаше напад од некои медиуми дека во јуниорската репрезентација имаше 6-8 кадетки, но оваа ситуација покажува дека нема подобри. Ајде најдете подобар левак од Ива Младеновска, од Коцева, Ризовска, од Дукоска, од голманите… Тоа е вистината. Тие заслужуваат да бидат во оваа репрезентација и со играњето на вакви натпревари ќе добиеме подобар квалитет понатаму, на две Европски првенства, јуниорско и кадетско и едно Светско во 2024 година, овде во Македонија и најважното, бараж за Светско првенство. Се надеваме дека ќе добиеме противник по мерка за да можеме конечно да се пласираме на тоа СП и да ја заокружиме оваа работа од две години со 4-5 кадетски и јуниорски првенства и две сениорски“, заврши селекторот на дамите, кои вечерва почнуваат со први тренинзи.

ПретходноДенот „Д“ за Роналдо во Манчестер Ј: Тен Хаг го повика Португалецот на состанок
СледноСудии за ПМФЛ: Грујоски “главен“ на ФФМ на мечот Работнички – Силекс, Тефику во Штип…