Табелата во Бундеслигата: Неверојатно е како бодовно се наредија екипите од првиот Унион до осмиот Лајпциг! (ФОТО)

343

Нема дилеми дека оваа сезона, барем досега, во изминатите 11.коло е екстра израмнета во Бундеслигата. Јасно е дека како и секогаш на крајот Баерн Минхен ќе биде шампион, но она што сега го гледаме на табелата по овие 11.кола навистина е за Рипли. Неверојатно.

А за што всушност станува збор?

No description available.

Па, еве. Унион Берлин е прв со 23 бодови, следува Баерн Минхен со 22, па Фрајбург со 21, четврти е Ајнтрахт со 20, значи секој има минус еден бод во однос на оној што е пред него на табелата.

Ова завршува со Лајпциг кој е осми со 16 бодови. Исто толку бодови имаат и Менхенгладбах и Келн, за да потоа одат на ред Вердер со 15 и Аугсбург со 14 бодови.

Навистина неверојатно, ова може да го има само во Бундеслигата.

ПретходноПСЖ ќе ги тужи медиумите во Франција, причината е – Мбапе!
СледноВрие во Штип: “Фалангата“ ги прекинува тренинзите на Брегалница!