Трета победа во низа: У-17 женската репрезентација на Македонија со триумф и над Молдавија!

116

Нашата женска У-17 репрезентација забележа голем успех на квалификацискиот турнир во Драч. Денеска избраничките на Катерина Милеска славеа со 2:0 против Молдавија. Стрелци беа Ибраими и Милевска. Ова беше трета победа во низа, претходно Македонија ги победи Косово и Албанија, па така го освои првото место во групата и тоа повеќе од надмоќно. Овој успех значи дека Македонија се пласира во втората фаза од квалификациите за ЕП 2023 година.

ПретходноВрие во Штип: “Фалангата“ ги прекинува тренинзите на Брегалница!
СледноАнтиќ гостин во Истанбул на отворањето на музејот на Фенербахче! (ФОТО)