Утре во 13 часот е ждрепката за Купот: Сите го сакаат Вардар за ривал во 1/4 финалето!

1610

Утре во 13 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија. Познато е дека во шеширот ќе бидат седум прволигаши и само еден второлигаш, и тоа Вардар кој според моменталниот ранкинг е убедливо најслабиот тим кој што ќе игра во оваа фаза од Купот. Токму затоа и сите останати седум клубови посакуваат да имаат среќа на ждрепката и да им се падне Вардар за ривал, со кого не би требало да имаат проблеми, барем таква е реалната ситуација ако се знае дека нашиот најтрофеен клуб во моментов е второлигаш.

Да кажеме дека мечевите од 1/4 финалето во Купот ќе се играат на 9 ноември во 13 часот.

А ова се осумте екипи кои утре ќе се најдат во шеширот за ждрепката во Купот на Македонија во четвртфиналната фаза…

МАКЕДОНИЈА ЃП

СИЛЕКС

СТРУГА ТЛ

ШКЕНДИЈА

ШКУПИ

БРЕГАЛНИЦА

А.ПАНДЕВ

ВАРДАР

ПретходноАнтиќ гостин во Истанбул на отворањето на музејот на Фенербахче! (ФОТО)
СледноЧеде во победнички ритам со АЕЛ Лимасол…за разлика од некои други екс – селектори!