ФИА донесе скандалозна одлука за Алонсо кој леташе со болидот!

298

Макс Верстапен стигна до нова победа на интересната трка за Големата награда на САД и покрај проблемот со гумите тој продолжи да биде незапирлив.

Но, на патеката во Остин во центарот на вниманието беше Фернандо Алонсо од позади го закачи својот иден тимски колега Ленс Строл, по што неколку секунди со преднста страна леташе во воздух. Откако слета на земја, Алонсо се удри во ѕид, но зачудувачки, неговиот болид остана неоштетен и тој ја продолжи трката, на крајот заврши на седмото место.

Сепак, неколку часа подоцна ФИА донесе скандалозна одлука и го казни Алонсо за небезбедно излегување на патеката, што предизвика бес во светот на Формула 1.

Имено, од судирот му бил оштетен автомобилот, а подоцна додека претекнувал еден од своите ривали му паднал левиот ретровизор за кој никој во боксот не можел ни да знае дека е оштетен.

Алонсо на тој начин доби казна од 30 секунди и остана без бодови во Остин, иако ги заслужи и покрај сите тешкотии.

ПретходноОткриено колку ПСЖ му платил на Мбапе да не оди во Реал!
СледноГвардиола: Мојот англиски не е доволно добар за да го опишам Халанд!