Чеде во победнички ритам со АЕЛ Лимасол…за разлика од некои други екс – селектори!

554

Пет меча, четири победи и едно реми за Чеде Јаневски на клупата на АЕЛ Лимасол и тоа за само еден месец. Македонскиот стратег просто го “дигна“ АЕЛ Лимасол. Вечерва на свој терен четата на екс – селекторот на нашата репрезентација со 1:0 славеше триумф над тимот на Неа Саламина во меч од 8.коло во првенството на Кипар. Со овие три бода АЕЛ Лимасол се искачи на седмата позиција. Од доаѓањето на Чеде овој тим освои 10 од максиналните 12 бодови.

За разлика од Јаневски, некои други наши екс – селектори, како на пример кои го водат тимот на Горица веќе два месеци не знаат што е победа, губат од кого ќе стигнат. Па потоа си даваат оставки а истите не им ги прифаќаат.

Така е тоа, кој си знае си знае.

ПретходноУтре во 13 часот е ждрепката за Купот: Сите го сакаат Вардар за ривал во 1/4 финалето!
СледноУнаи Емери на клупата на Астон Вила!?