Бадијала Партизан обвинува: Голот на Ц. Звезда во Ниш во 97.минута е регуларен!

1758

По се она што се случи на вчерашните мечеви во Суперлигата во Србија, меѓу Раднички Ниш – Ц. Звезда како и Партизан – Јавор, од таборот на “црно – белите“ вчера и денеска обвинуваат за голем скандал и афера во тамошниот фудбал.

Имено се вели дека како смеело да се дозволи мечот во Ниш да се игра 97.минути, потоа зошто е признат голот ако имало две топки на терен и зошто не се судело пенал за Партизан во судиското продолжение при резултат 3:3.

Можеби Партизан е во право за тоа зошто судијата во Ниш толку го продолжил мечот, можеби е во право и за пеналот што требало да се суди во Белград на нивниот дуел со Јавор, но нема ништо спорно при постигнувањето на голот за победа на Ц.Звезда во Ниш во 97.минута иако има две топки на терен.

Интересно е тоа што, барем така се слуша и се гледа од видеото кое можете да го погледнете, додека гостинот во Ниш оди во напад пред да падне тој гол, тренерот на домашните Лалатовиќ му вели на едно дете покрај аут – линијата да ја фрли топката во терен, со цел судијата да ја прекине акцијата на Ц. Звезда. Детето тоа го прави, има втора топка на терен, но судијата не ја прекинува акцијата и гостинот дава гол за победа.

Правилото во таков случај вели дека ако има втора топка во терен судијата е должен да ја прекине акцијата и да нареди да се отстрани таа втора топка од теренот, но само ако таа влијае на играта. А убаво се гледа дека таа нема никакво влијание.

Токму затоа голот на Ц. Звезда е регуларен. Најинтересно е тоа што Партизан на своите социјални мрежи постираше слика од претседателот на судиската организација Дејан Филиповиќ како тој на млади години носи дрес од Ц. Звезда, очигледно е дека бил нејзин и веројатно е сега нејзин фан.

Image

 

ПретходноИлчо VS Васоски: Дуел кој ни Брегалница ни А. Пандев не смеат да го загубат!
СледноУкраинците со барање до ФИФА: Иран е агресор, исфрлете го од Мундијалот!