Македонската репрезентација во традиционално постигна голем успех на ЕШ во Римини освојуваќи 5 златни, 7 сребрени и 3 бронзени медали. ЕШ се одржа на 21, 22 и 23 октомври, учествуваа над 500 натпреварувачи од 22 земји.
Во сениорска конкуренција Аљоша Недев освои 1 место во кати и 2 место во фукуго, Јадранка Недева освои 1 место во фукуго и 3 место во кати.
Во младинска конкуренција Мила Саздова и Димитри Влахо освоија 1 место во енбу, Мила Саздова освои 2 место во кати и 2 место во фукуго, ката тимот во состав Мила Саздова, Мила Младеновска и Марта Димковска освоија 2 место.
Во категоријата деца 8-9 години Филип Недев освои 1 место во кати и 2 место во кихон, Камелија Недев во категорија деца 10-11 години освои 2 место во кати и 2 место во кихон. Марта Димковска во категорија деца 12-13 години освои 3 место во кихон.
Кај деца 6-7 години во кати 1 место освои Максим Поп Трпев, 2 место Масимо Меле и 3 место Марко Илиевски. Софија Јарчевска и Матеј Мангаровски освоија 4 место во џиу ипон кумите и кихон.