Екипите кои оваа сезона атакуваат за највисок пласман, ја потврдија фаворитската улога и во вториот круг од натпреварите во најквалитетната женска конкуренција.
Бранителот на трофејот, екипата на Бадел 1862 полесно од очекувањата славеше победа на гостински терен кај Крива Паланка (78:42), за втор успех во новиот шампионат.
Ист резултат има и ланскито финалист и победник на Купот, екипата на Баскет кам 2011 која без проблеми го победи Пробаскет од Кавадарци со (83:34).
А можеби најважната победа во ова коло е за екипата на Вардар која славеше кај мотивираниот состав на МЗТ Скопје Аеродром со (79:71), па овие три екипи се со максимален ефект по два одиграни натпревари.
Прва победа во новата сезона реализираа и кошаркарките на Струга 2009 против новакот во прволигашкото друштво, екипата на Гризли (71:57).
Во „Б“ сегментот, две екипи со по две победи. Шкупи, кој во ова коло ја совлада Риниа (80:43), и делчевски Патриот, кој победи на гости кај Куманово (54:28).
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Крива Паланка – Бадел 1862 42:78
Баскет Кам 2011 – Пробаскет 83:34
МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 71:79
Струга 2009 – Гризли 71:57
ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 4, Бадел 1862 4, Вардар 4, МЗТ Скопје Аеродром 3, Струга 2009 3, Гризли 2, Крива Паланка 2, Пробаскет 2;
ИДНО КОЛО (29.10)
Вардар – Крива Паланка
Бадел 1862 – Баскет Кам 2011
Гризли – МЗТ Скопје Аеродром
Пробаскет – Струга 2009