Не е вистина дека ПСЖ за само три години ќе му исплати на Килијан Мбапе повеќе од 600 милиони евра. Не било вистина и тоа дека Мбапе сакал да си оди, и дека има раздор во тимот. Се се ова имформации кои во изминатите денови ги пласираа водечките медиуми во Франција, а потоа беа пренесувани во целиот фудбалски свет.
Поради ова ПСЖ денеска најави дека подготвува тужба за сите оние кои досега пласираа вакви информации, невистинити според раководството на пребогатиот клуб од Париз.