Слога Виница остана без тренер, Стојановски си поднесе оставка

474

Екипата на Слога Виница остана без тренерот Даниел Стојановски, кој поднесе оставка по слабите резултати во Втората македонска лига. Слога запиша една победа и три ремија и се најде на претпоследното место со само шест бодови, па разделбата беше неизбежна.

Ја преземам одговорност за лошите резултати и се повлекувам од шеф на стручен штаб. Сакам да му се заблагодарам на раководството за добиената шанса да ја водам ФК Слога 1934 Виница. Благодарност до виничката публика и до фудбалерите за нивниот труд и залагање од сега натаму јас ќе сум ви најверен подржувач. На ФК Слога 1934 Виница му посакувам успех во продолжение од сезоната. Со среќа !“, изјави Стојановски.

Оставката ја прифатија и од клубот, па следува потрага по нов кормилар.

Почитувана фудбалска јавност на Виница и пошироко, ве известуваме дека досегашниот шеф на стручен штаб Даниел Стојановски си поднесе оставка. Како клуб сакаме да му искажеме голема благодарност бидејќи истиот во изминатиот период прифати да го води нашиот клуб во овие тешки моменти, и му посакуваме само успеси во иднина како на спортски така и на приватен план.“, соопштија од клубот.

ПретходноОсуден џихадист кој планирал бомбашки напад на мечот Барса-Реал Мадрид
СледноХабиб: Махачев ќе го задави Волкановски